Бугарија го одобри потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Јануари 2019
Бугарската Влада денеска даде зелено светло за потпишување на Протоколот за приклучување на Македонија во НАТО. Владата во Софија соопшти дека го овластила претставникот на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде за недела до две.
Интеграцијата на Македонија во НАТО, која беше во застој по грчкото весто на Самитот во Букурешт во 2008 година, е деблокирана со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се стави крај на 27 годишниот спор со името.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс