Весели: По Македонија, и Косово набргу ќе стане членка на НАТО

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави потпишувањето на Протоколот за пристап на Македонија кон НАТО, при што изрази надеж дека и Косово набргу ќе се приклучи на Алијансата, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Весели на својата страница на Фејсбук оцени дека проширувањето на НАТО со земјите од регионот претставува „мошне значаен и корисен процес, што го зацврстува мирот и ја консолидира слободата и демократијата за целиот Балкан".

 

– Веста за потпишувањето на протоколот за зачленување во НАТО на пријателската држава Северна Македонија, претставува радосна вест, не само за нашите соседи, туку и за целиот регион. Посебно се радувам за нашите сонародници во оваа држава, кои одиграа клучна улога во напорите за евроатланските интеграции. Косово гледа со ентузијазам на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, со надеж дека ќе го следи истиот пример во една мошне блиска иднина. Ние гледаме на проширувањето на НАТО во нашиот регион како на мошне значаен и корисен процес, што го зацврстува мирот и ја консолидира слободата и демократијата за целиот Балкан, напиша претседателот на Собранието на Косово, Весели.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.