Почина шестмесечно бебе со морбили на Инфективната клиника

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот посочи дека бебето имало компликација на белите дробови и било невакцинирано.

 

-Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на  вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, рече министерот Филипче. Тој додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

 

Според новите податоци од ИЈЗ пријавени се 54 случаи на мали сипаници во Скопје и четири случаи од други градови за кои не може да се најде епидемиолошка поврзаност со случаите пријавени во епидемијата во Скопје.

 

Заклучно со денешниот ден во епидемијата во Скопје 201 заболен е класифицирани како мали сипаници по направените епидемиолошки истражувања и лабораториски резултати. Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на град Скопје.

 

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 години. Од вкупниот број на заболени, 115 се на возраст до 4 години, а 44 лица на возраст над 30 години. Во однос на спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 8.434, од кои 5.900 лица се на територијата на град Скопје.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.