Тринаесетмесечно дете од Свети Николе почина од компликации од морбили

Тринаесет месечно дете почина вчера попладне од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

 

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе и претходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.

 

– Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување, стои во соопштението.

 

Министерството додава дека вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.