Телата се идентификуваат, СДСМ потврди дека еден од починатите е син на пратеник

Вкупно 13 загинати е засега официјалниот биланс од несреќата што се случи попладнево на патот СКопје – Тетово, во близина на Карпалак.

 

Како што информира вечерва министерот Венко Филипче, седум лица починале на местото на несреќата, пет во ГОБ „8-ми Септември" и едно лице во старата Градска болница во Скопје.

 

Од вкупно згрижените 32 лица во ГОБ „8-ми Септември", четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар.

 

Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски.

 

Имињата на 13-те загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.