Прилеп ги откажува сите планирани манифестации

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово.

 

-Во овие моменти на тага и болка за целата држава, сочувствуваме со неизмерната загуба на семејствата на загинатите и посакуваме брзо опоравување на сите повредени, стои во соопштението од локалната самоуправа.

 

Во деновите на жалост, денес и утре, општина Прилеп и институциите под нејзина надлежност, ги откажуваат сите планирани манифестации.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.