Владина делегација на Комеморативна седница во Општина Врапчиште

Министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Горан Сугарески и Љупчо Николовски, како и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска ќе присуствуваат на Комеморативна седница во Општина Врапчиште, каде ќе оддадат почит на загинатите граѓани во вчерашната тешка и трагична сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. соопшти владината прес-служба.

 

Претходно беше соопштено дека премиерот Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа што ќе се одржи во Општина Гостивар.

 

Сообраќајната несреќа се случи вчера попладнето. Во неа животот го загубија 14 лица, а четириесеттина се повредени.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.