Критична состојбата на тројца во „8 Септември", од тројцата на КАРИЛ – двајца се стабилни

Во Градската општа болница „8 Септември" хоспитализирани се 18 пациенти, а тројца од нив се во критична состојба. Останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа  што се случи во средата на автопатот Скопје – Тетово кај Ласкарци. Еден пациент вчера е пуштен на домашно лекување, соопшти Министерството за здавство.

 

Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се шест пациенти, од кои тројца на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба.

 

-Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од Неврохирургија, соопшти Министерството за здравство.

 

Пациентката која се наоѓа во болницата во Тетово е во стабилна и добра здравствена состојба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.