Мицкоски-Рикер: Членството во НАТО и европската интеграција, клучен фактор за стабилност во регионот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

 

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.

 

Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.

 

Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.

 

Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.