Чавков во притвор по барање на ОЈО поради страв од бегство

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, обвинет во предметот за настаните во Собранието од 27 април од вечерва е во притвор во затворот „Скопје" поради страв од бегство.

 

Како што соопшти Основното јавно обвинителство, надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднел Предлог за определување мерка притвор за М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.

 

– По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата, се наведува во соопштението на Обвинителството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.