ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-амандманите се поднесени, Дескоска да го провери мејлот

Рената Десковска лаже како Зоран Заев. Срамен е начинот на кој што таа и Заев ги злоупотребуваат државните институции во одбрана на лагите и манипулациите на Зоран Заев.

 

Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди?

 

За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од маилот во кој што се испратени амандманите во атачмент.

 

Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај.

 

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.