Мијалков и Ибраими одат во куќен притвор, одлучи Апелацискиот суд

Домашен притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и за Бедредин  Ибраими, а мерка претпазливост за Анета Стефановска, одреди Апелацискиот суд во Скопје постапувајќи по нивните жалби за предметот на СЈО „Титаник 2“. Жалбите на Влатко Сајковски и на Сашо Срцев се одбиени како неосновани.

 

– Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-13/19, во јавноста познат како „Титаник 2“ , по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбите на обвинетите Б. И., С. М. и А. С., делумно ги уважи.

 

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот Б. И. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, односно до започнување со издржување на казната.

 

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетата А. С. определи мерка на претпазливост – Обврска на обвинетата да се јавува повремено во Основен суд Битола секој работен вторник, со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година.

Жалбите на обвинетите В. С. и С. С., се одбиваат како неосновани, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд.

 

Во првостепената пресудата за „Титаник 2“ Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, а Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Кривичниот суд го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Мијалков и на Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост.

 

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.