Порака од Регионалниот совет за соработка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Ромите се најголемо малцинство во Европа, но дискриминацијата на Ромите и натаму е распространета во многу аспекти од животот, се вели во изјавата на главниот координатор на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ на Регионалниот совет за соработка (РСС), Орхан Усеин, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

 

Според податоците од последното регионално истражување за положбата на Ромите, спроведено во 2017 година само 21 отсто од Ромите се вработени во однос на 40 проценти од нивните соседи кои не се Роми. Во истовреме, 71 отсто од Ромите работат непријавени, во однос на само 17 проценти од населението кое не припаѓа на Ромите, наведува Усеин.

 

Овие бројки, посочува Усеин, укажуваат на потребата да се вложува во нивното образование, вработување, еднакви права, јакнење на економската независност, талент и на креативноста.

 

-Интеграцијата на Ромите е еден од важните приоритети за регионот на Западен Балкан, како дел од процесот за пристапување кон Европската унија, нагласува Усеин, се вели во соопштението од РСС.

 

Проектот Интеграција на Ромите 2020 се спроведува од страна на РСС со владите од Западен Балкан, откако во 2016 година Европската унија го постави ова прашање на ниво на еден од условите за зачленување во Унијата. Во рамки на проектот е изработен и видео спот во кој се пренесуваат пораките на млади Роми од регионот упатени до припадниците на своите заедници, но и до сите други.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.