Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Ромите се најголемо малцинство во Европа, но дискриминацијата на Ромите и натаму е распространета во многу аспекти од животот.

 

Според податоците од последното регионално истражување за положбата на Ромите, спроведено во 2017 година само 21 отсто од Ромите се вработени во однос на 40 проценти од нивните соседи кои не се Роми. Во истовреме, 71 отсто од Ромите работат непријавени, во однос на само 17 проценти од населението кое не припаѓа на Ромите.

 

Овие бројки, укажуваат на потребата да се вложува во нивното образование, вработување, еднакви права, јакнење на економската независност, талент и на креативноста. Потребно е силно ангажирање од сите чинители за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во државата, еднакви права и достоинствен живот за сите.

 

Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.