
Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 42,59 отсто, Силјановска 41,60 и Река 11,57
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Април 2019

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 81,38 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,59 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,60, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,57 отсто.
Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 242.051 граѓани, за Силјановска 236.426, а за Река 65.736 граѓани
Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
