Во Гевгелија до 10 часот излезеноста е 9,7 отсто

До 10 часот на избирачките места во Општина Гевгелија излегле да гласаат 1.867 граѓани што претставува излезеност од 9,7 отсто.
 
Гласањето во вториот круг од претседателските избори тече во демократска атмосфера и се одвива без проблеми, соопшти претседателката на ОИК, Роберта Јанчева.

 

Гласачкиот процес тече мирно и во Општина Валандово каде, според податоците од ОИК, до 10 часот гласачкото право го искористиле 698 граѓани или 7 отсто од гласачкото тело.

 

Во Општина Богданци до 10 часот на гласање излегле 615 граѓани или 9 отсто,а во Општина Дојран излезеноста е 8,9 отсто,односно правото на глас го искористиле 266 евидентирани граѓани во гласачкиот список.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.