Непречено се одвива гласањето во пелагониските општини

Во општините Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила, слободно и мирно се гласа.

 

До 10  часот на подрачјето на Општина Битола гласале 9,34 насто од вкупно 81.738  гласачи, во Општина Демир Хисар гласале 11 насто од вкупно 6.955 гласачи, во  Општина Новаци гласале 9,56 насто од запишаните 2.959 избирачи, додека во Општина Могила до 10 часот на гласање излегле 6,02 проценти од 5.282 односно вкупниот број гласачи евидентирани на Единствениот избирачки список. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.