Во Штип одѕивот до 13 часот е 30,94 отсто

 Излезноста на 77 избирачки места во општина Штип до 13 часот е 30, 94 проценти или споредено со првиот круг во истиот час е повисока за 3,24 отсто, информира претседателката на општинската изборна комисија Сенка Андреева.

 

Во Штип до 13 часот гласале вкупно 12.909 избирачи, од кои 6.409 жени, а 6.500 мажи или излезноста е 30,94 отсто, вели Андреева.

 

Таа истакна дека проблеми на гласачките места немаат во текот на вториот круг на избирачките места. Граѓаните гласаат во мирна атмосфера, а немаат поплаки од страна на избирачите до овој момент. Во Штип со право на глас се 41.772 избирачи, а вчера гласаа 93 болни и немоќни лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.