Вучиќ утре во Скопје на инаугурцијата на Пендаровски

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потврди неговиот кабинет.

 

Веднаш по победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател Александар Вучиќ му упати честитка по повод изборот за претседател.

 

-Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.