Во следните два дена облачно со сончеви периоди и со ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува утре и во вторник. Во попладневните часови ќе има
локална појава на пороен дожд и грмежи.

 

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преодно стабилизирање ќе има в среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде
на повеќе места.

 

Утринските температури ќе се движат од шест до 15 степени, а дневните од 16 до 31 степен. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.