Јанева го презентираше извештајот за работата на СЈО пред Советот на јавните обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО. По седницата Јанева изјави дека членовите на Советот се задоволни од работата на СЈО и посочиле дека извештајот е исцрпен и со многу детали.

 

-Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО и за новиот закон за јавно обвинителство. Се договоривме за некои технички работи во врска со новиот извештај. Во суштина тие беа задоволни. Немаше некои посебни недоразбирања. Задоволни се од нашата работа, од постигнатиот успех и од сите предистраги, рече Јанева и додаде дека доколку ја повикаат ќе го презентира извештајот и пред Собранието.

 

На прашање во врска со прислушуваните разговори што се објавени од Фејсбук профилот на „Ел Чека", Јанева рече дека тие се јавно објавени и тој може да ги презема од Јутјуб.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.