All for Joomla All for Webmasters

38 години од смртта на Јосип Броз Тито

Јосип Броз Тито

На денешен ден пред 38 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито (1892-1980).


Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Тој беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни во тоа време  западен и источен блок - НАТО и Варшавскиот договор.


Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени. За едни тој е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици. 


Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле над 20 милиони луѓе. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |