Нападнати момчиња во Дебар, едно потешко повредено

Пет лица ноќеска, во 2:50 часот, физички го нападнале Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар.

Како што информира МВР, нападот се случил на улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, а по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21).

Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.