Лесни за подготовка, вкусни за уживање: колачи со прелив

Ова е еден од оние колачи кои не се многу претставителни на изглед, но се многу вкусни.

 

Состојки за тортата:

 

2 чаши брашно

2 чаши шеќер

2 чаши јогурт

1 лажичка сода бикарбона

2 лажици какао

2/3 чаши масло

 

Прелив:

100 гр чоколада

1 лажичка шеќер

5 лажички млеко

1/4 маргарин од 250 g, помеѓу 60 и 65 g

 

Подготовка:

 

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте брашно, шеќер, какао и прашок за пециво. Додајте масло и јогурт и со жица за мешање или со миксер соединете ја смесата. Печете на плех со димензии 30 x 20 cm или помал (ако е поголем, колачот ќе биде многу тенок), премачкајте го со малку масло и посипете ги со какао место брашно, потоа плехот навалете го лево и десно за какаото да стигне до сите области. Истурете ја целата смеса и ставете ја да се пече околу 35 минути.

 

Пред крајот на готвењето изрендајтеа путер, додадете млеко и шеќер и чоколадо на тивок оган само се стопи. Топлиот колач, прелијте го со филот потоа оставете го колачот да се излади целосно. Исечете го на коцки и уживајте. Торта може да се сервира и топла со топка сладолед од ванила која ќе ја ставите одозгора да се топи полека.

 

Пријатно!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.