По хаосот со Кејт, Џони Деп наседна со фотошопирана фотографија и ги насмеа фановите

По виралната фотографија на Кејт Мидлтон и хаосот што го предизвика поради фотошопираните детали, актерот Џони Деп предизвика реакции кај фановите со фотошопирана фотографија.

 

Деп сакаше да му честита на својот пријател Роберт Дауни Јуниор на „Оскарите“, па на „Инстаграм“ сподели фотографија на која позираат заедно. Меѓутоа фановите бргу забележаа дека се работи за лажна фотошопирана фотографија, која со години кружи на интернет.

Имено, на оригиналната фотографија од 1988 година Роберт Дауни Јуниор позира со својата тогашна девојка Сара Џесика Паркер.

 

Кога обожавателите го предупредија дека фотографијата е фотошопирана, Деп бргу ја избриша објавата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.