Се огласи фотографот на спорната фотографија на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Папарацото што ја фотографира Кејт Мидлтон како се вози со принцот Вилијам во автомобил во понеделникот зборуваше за да ги отфрли теориите на заговор на интернет дека фотографијата е лажирана.

„Не ги менуваме нашите фотографии на ‘Фотошоп’, освен за да ја приспособиме осветленоста доколку е потребно“, изјави фотографот Џим Бенет.

Бенет рече дека тој и неговиот партнер биле ангажирани од медиумите за да го снимат принцот Вилијам како оди во Вестминстерската опатија на кралски настан.

„Автомобилите тргнаа од замокот Виндзор, а јас одблиску ги фотографирав во улицата Дачет хај, пред бр. 39. Фотографиите од автомобилот се непредвидливи најчесто и со малку рефлексија на стаклото може да биде тешко. Како што се случи, дури кога го проверив задниот дел од камерата за да се уверам дека сум го фотографирал принцот Вилијам, сфатив дека некој седи до него. Испадна дека е Кетрин“, рече тој.

 

 

Бенет зборува и за шпекулациите дека силуетата на Кејт е уредена на фотографијата и ја расчистува заблудата дека фотографијата ја објавило кралското семејство.

Направена е од професионален фотограф, а потоа објавена во САД од фотоагенцијата GoffPhotos.

Претходно, голем број познавачи на програмите излегоа со тврдења дека и оваа фотографија е фалсификат.  Тие го споредија профилот на Мидлтон на фотографијата на Бенет со снимката на принцезата на церемонијата во 2016 година шпекулирајќи дека таа е фотошопирана и на новата фотографија покрај сопругот.

Други забележаа недоследности со шаблонот од тули, што се гледа над автомобилот и низ неговите прозорци.

Сепак, се чини дека адресата на улицата Дечет, дадена од Бенет, исто така ги отфрли сомнежите за фалсификат.

Сомнежите за автентичноста на фотографијата беа поттикнати од признанието на Кејт во понеделникот дека ја уредувала сега познатата британска фотографија за Денот на мајката, споделена за време на викендот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.