(Видео) Познатата актерка повторно изненади, прошета низ Њујорк во мини здолниште и градник

Откако пред неколку дена се појави на премиерата на филмот Love Lies Bleeding само во холахопки и црно боди, актерката Кристен Стјуарт повторно изненади со својата модна комбинација.

 

 

Таа прошета низ Њујорк во мрежест градник, ултра кратко здолниште и доколенки. Имаше и кожна јакна. Папарацо камерите кои ја опкружиле не и пречеа, па актерката позирала на сред улица.

 

 

Кристен глуми во Love Lies Bleeding, чија премиера беше на 8 март. Станува збор за романтичен трилер кој се одвива во осумдесеттите и ја следи бисексуалната бодибилдерка Џеки (Кејти М. О’Брајан), која се сели од Оклахома во мало гратче во Невада, каде што планира да живее пред да се пресели во Лас Вегас за кариера во бодибилдинг.

 

 

Џеки се вљубува во менаџерката на теретана Лу (Кристен Стјуарт) и почнува да работи за нејзиниот татко, локален криминалец (Ед Харис). Но, нејзиниот живот се претвора во хаос откако таткото на Лу ја вовлекува во светот на стероидите и криминалот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.