Нов скандал го тресе кралското семејство дека принцезата Кејт ја уредила фотографијата и на починатата кралица Елизабета

Според фотоагенцијата Getty Images, има уште една фотографија за која постои сомневање дека е уредена од Кејт Мидлтон, а на која е покојната кралица Елизабета. Имено, споменатата агенција навела дека фотографијата на кралицата Елизабета со нејзините внуци и правнуци е исто така дело од рацете на принцезата, а грешки има на дури 19 места.

Очигледно продолжува сагата со монтирани слики, која почна кога беше објавена фотографија на Кејт и нејзините деца за Денот на мајката, која, како што објавија медиумите, ја направил принцот Вилијам, а која исто така била фотошопирана. Сакајќи да го смири јавниот хаос предизвикан од спорната фотографија, Кејт Мидлтон се извини и рече дека ја уредила фотографијата бидејќи сака да експериментира.

Новооткриените недоследности на втората слика ја враќаат Кејт во центарот на вниманието и се закануваат да ги нарушат односите на кралското семејство со водечките новински и фотографски агенции.

Во саботата принцот Вилијам и Кејт беа забележани и фотографирани во самопослуга во близина на нивниот дом, што на некој начин го смири хаосот во врска со прашањата за нејзиното здравје. Принцезата исто така беше фотографирана на почетокот на овој месец во автомобил во близина на замокот Виндзор. Таа не е видена во јавноста откога палатата објави дека имала операција на абдоменот во јануари.

Последната контроверзност беше предизвикана од фотографија објавена во април 2023 година, на која покојната кралица Елизабета е опкружена со своите внуци и правнуци. Палатата соопшти дека фотографијата е направена од Кејт во замокот Балморал во Шкотска неколку месеци пред смртта на кралицата, но измените доведоа до конфузија во врска со тоа дали таа, всушност, е спој на неколку фотографии.

Недоследностите на таа фотографија ја вклучуваат неусогласеноста меѓу здолништето на кралицата и ќебето и софата на кои таа седи. Работ на рамото на принцот Луис е заматен и се чини дека се преклопува со заднината. Осветлувањето исто така не се совпаѓа со целокупното осветлување на фотографијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.