Се појави маж што тврди дека ја видел Кејт Мидлтон: „Видов како малку ја врти главата, но не можев да слушнам што зборуваат“

Човекот што ја снимил Кејт Мидлтон како пазарува со Вилијам во Виндзор вели дека е сведок оти на видеото навистина е принцезата од Велс и дека тоа го видел со свои очи.

Нелсон Силва за „Сан“ вели дека неговата средба со Кејт Мидлтон треба да стави крај на шпекулациите за нејзиното здравје.

„Ова е видео што јасно ги прикажува неа и Вилијам. Ги видов со свои очи. Беше сосема опуштена ситуација“, вели тој.

Кога станува збор за теориите дека всушност не е Кејт во видеото, Нелсон истакнува дека тој лично ги видел и снимил и тоа е доволен доказ.

„Но, исто така сите овие луѓе во Велика Британија велат дека тоа не е таа, тоа е лажна личност. Па, можам да ви кажам дека не е. Можеби сега ќе прашаат дали и јас сум вистинска личност? Дали ќе кажат дека го направив ова видео? Дали ставив лажна Кејт таму? Тоа е смешно“, рече тој.

 

Нелсон, вели, купувал стек кога ја видел кралската двојка.

„Влегов во продавницата и првин ги забележав нивните фигури, стоеја до лебот. Потоа видов дека Кејт благо ја врти главата. Тие отидоа кај месото, а јас застанав зад нив. Тие разговараа со вработените и се смееја. Не можев да слушнам што зборуваат. Кога отидов да платам за моите производи, девојката на шалтерот беше толку шокирана што едвај можеше да дише. Сите таму беа многу возбудени. Беше навистина убава атмосфера. Отидов до автомобилот и решив да направам видео за да го споделам со моето семејство во Португалија“, рекол човекот, кој тврди дека ја видел Кејт.

Тој вели дека Кејт и принцот Вилијам изгледале среќно и опуштено додека оделе кон паркингот.

Вилијам очигледно беше заштитнички настроен кон Кејт и јас бргу го прекинав снимањето бидејќи не сакав да им направам непријатна ситуација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.