Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 21 Март 2024
Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Северина, кој ќе се случи на 30 март во „Арена Борис Трајковски“.
Сѐ е подготвено за овој спектакл, а непосредно пред нејзиното доаѓање тука во Скопје, хрватската пејачка објави видео на социјалните мрежи присетувајќи се на еден нејзин настап на „Златна бубамара“ од далечната 2014-та година, каде што на сцената настапи заедно со легендарниот Влатко Стефановски.
Северина го објави видеото, а под истото напиша: „Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце. Првенствено од луѓето, храната, посебните концерти, големите светски уметници, како што е Влатко Стефановски. Ти благодарам Македонија и се гледаме во Скопје на 30 март во „Арена Борис Трајковски“, ќе биде тоа концерт за душа“.
Концерт за душа кој никако не смеете да го пропуштите. Концертот е речиси распродаден, останати се уште многу мал број на влезници. Затоа побрзајте и веднаш обезбедете ја вашата, информира организаторот на концертот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс