Блејк Лавли откри дека ѝ е тешко да ги гледа интимните сцени на својот сопруг: „Тоа е тортура“

Блејк Лавли во интервју за емисијата „Тунајт“ откри дека ѝ е тешко да ги гледа секс-сцените што ги снимал нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Таа се присети на една непријатна ситуација што ја доживеала за време на летот со ќерка ѝ Џејмс.

„Сите во авионот сакаа да го гледаат Deadpool, сите. Тоа беше мачење. Секаде каде што погледнав, на секој екран беше прикажан мојот сопруг во интимни сцени со друга жена. Потоа ќерка ми погледна во екранот и почна да мавта по Рајан бидејќи мислеше дека е како FaceTime“, изјави 36-годишната актерка.

Инаку, Deadpool е филм од 2016 година со Рајан Рејнолдс во главната улога.

Неодамна актерката го откри правилото што таа и нејзиниот сопруг секогаш го следат за да ја задржат искрата во бракот. Тие многу јасно ставија до знаење дека нема да дозволат Холивуд да влијае на нивниот љубовен живот.

И покрај зафатените распореди, парот рече дека никогаш не работат во исто време и тоа го прави нивниот брак посилен. Додека гостуваше во Further Ado, ѕвездата од Gossip Girl објасни дека иако работата е важна за неа и нејзиниот сопруг, тие никогаш не сакаат да застане меѓу нив.

За потсетување, Блејк и 47-годишниот Рајан имаат еден од најхармоничните холивудски бракови. Тие се познати по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи. Заедно имаат четири деца, од кои три ќерки – Џејмс (9), Инез (7) и Бети (4). Името и полот на четвртото дете сè уште не се откриени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.