Северина за настапот во Скопје: „Ваков концерт не очекував“

Преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје во саботата ја пречека Северина, која со овој концерт ја продолжи актуелната турнеја надвор од границите на Хрватска.

„Ова е наш трет концерт во арената ‘Борис Трајковски’ и не очекував ваков концерт… Овој пат немавме ниту танчари, но ниту ни требаа, направив сè наместо нив, дури ни голема видеопродукција, но она што навистина ми е битно, затоа што тоа е моето гориво, е одличен бенд, одлични музичари, ги имаше многу на сцената и дадоа сè од себе оваа вечер да остане засекогаш запаметена и засекогаш врежана во срцата на публиката, но и нас самите… И тие и јас бевме вчудовидени и благословени што ги видовме новите генерации како ги пеат нашите песни, како и оние познати луѓе, кои веќе доаѓаа на нашите концерти во Македонија. Му благодарам на Скопје, им благодарам на сите за несебичната љубов што ми ја даваа при секоја композиција и морам да кажам дека ова беше еден од најдобрите концерти… Не ја сметам само Македонија. Еден од најдобрите концерти досега… Благодарам“, изјави Северина по концертот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.