Српски медиуми: Мелина упадна во куќата на Харис, полицијата му го одзеде пиштолот

Мелина Џиновиќ (43) упаднала во куќата на својот поранешен сопруг Харис (72) во Белград, пишува српски „Блиц“.

Според написите, тој веднаш повикал полиција за да ја избрка од домот во кој живее со синот Кан и ќерката Џина.

Полицајците пристигнале бргу на местото на настанот, а потоа Мелина изјавила дека Харис ја малтретирал.

Полицијата потоа му го одзела пиштолот што Харис го имал во куќата, иако имал дозвола за тоа.

Пејачот и Мелина неодамна се разведоа по 12 години брак. Џиновиќ призна дека разводот го погодил.

„Јас сум голем емотивец. Логично е човек да плаче, да тагува и низ солзи да ја покажува својата болка. Не е ништо ново, а не е ни срамота. Не ми е гајле колку ни беше убаво порано. Не ја гледам веќе затоа што има многу гнев во мене. Таа ми предизвика толку многу неправда и болка“, изјавил пеачот за „Блиц“.

„Ситуацијата со неа е мртва. Тоа е како да не постои. Како да му верувам повторно на предавник. Тоа нема смисла“, објаснува тој и додава дека верувал оти Мелина е љубовта на неговиот живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.