Емир Кустурица се подготвува да снима филм во Москва

Српскиот режисер Емир Кустурица се подготвува да снима филм во филмскиот комплекс „Москино“ во Москва, јави  РИА.

„Замислете: Нашиот кинопарк ‘Москино’ и во фаза на активно градење изгледа толку ветувачки што светски познат режисер веќе се подготвува да ги снима своите идни филмови овде“, се вели во најавата на комплексот „Москино“.

Кустурица ги посети работите на изградбата на филмскиот комплекс велејќи дека особено му се допаѓа изгледот на аеродромот и на железничката станица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.