Бјанка Ценсори на вечера дојде без долна облека, ги покри интимните делови со чанта
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 05 Април 2024
Бјанка Ценсори неодамна изненади многумина со изборот на облека за велигденското дружење со децата на Канје Вест. Тогаш беше целосно облечена, но сега продолжува со полуголите изданија.
Таа е снимена со нејзиниот сопруг во Лос Анџелес кога пристигнале на вечера во ресторан. Таа пристигна во црн градник и чипкани хеланки во боја на кожа. Не носела долна облека, а интимните делови ги покрила со чанта. Канје, како и обично, беше облечен во црно.
Двојката неодамна беше фотографирана и како оди во кино, кога Бјанка носеше чипкасти гаќички и сино боди без прерамки.
За потсетување, Бјанка веќе извесно време се појавува насекаде во разголени изданија и покажува интимни делови од своето тело, а раперот нејзините експлицитни фотографии и видеа ги објавува на Инстаграм.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс