All for Joomla All for Webmasters

Пред две недели се заколнаа на вечна љубов, а сега се караат пред сите

Иако пред само две недели се заколнаа на вечна љубов, популарната двојка Александра Пријовиќ, сега Живојиновиќ, и Филип наводно имаат несогласувања.

Имено, тие неодамна се видени пред настапот на пејачката како се расправаат за тоа каде во иднина ќе живеат.

Судирот избил поради тоа дали да продолжат да живеат во Србија, или среќата да ја пронајдат во Америка. Филип инсистира на неколку месеци да го сменат местото на живеење и да се отселат од Србија во Мајами, каде би продолжиле да живеат, далеку од семејниот дом, но плановите на Прија се нешто поинакви.

- Александра и Филип никогаш немале никакви несогласувања, сите проблеми ги решааваа во движење, па така сакаат да остане и со новонастанатите проблеми кои очигледно постојат подолго време. На повеќето настапи Филип ја следи Александра, па така беше и овој пат. Претходните денови водеа полемика за тоа каде би живееле, зошто Филип има голема желба да се врати во градот каде помина поголем дел од животот. Меѓутоа, Александра смета дека тоа не е добро за неа зошто сака да ја продолжи кариерата во иста насока како и досега. Новопечениот сопруг смета дека е најдобро да одат во Америка и таму да основаат смејство. Од друга страна, Александра скаа тоа да биде Србија за да не и падне тешко одвоеноста од блиските луѓе, вели извор добро упатен во целата ситуација.

- Во моментот кога пламна кавгата пред нејзиниот настап, беше видно бесна и само на крајот му порача: „Ќе те замолам да ставиме точка на таа приказна и да продолжиме утре зошто не е ниту време ниту место за тоа да дискутираме“, а тој потоа ја бакна и и рече дека се ќе се реши. И се извини поради избувливоста, но таа замина, открива изворот.

Живојиновиќ разговарале по истиот повод и донесоа одлука засега да останат во Србија, меѓутоа Филип потенцира дека сепак имаат уште време за размислување, што Прија ја доведе до лудило. Посебно што сето ова се случи пред настап, кога требаше да биде фокусирана на публиката. Филип сака да бидат барем на шест месеци и да видат каков ќе им биде животот, а ако не им оди да се вратат во Србија. набрзо по кавгата отпатуваа во Монте Карло, а како ќе се одвива ситуацијата, останува да видиме.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.