Челзи на чекор до Лига Европа, Јунајтед подобар од Њукасл

Фудбалерите на Челзи направија значаен чекор кон Лига Европа со победата од 2:1 (1:0) во Брајтон, додека Манчестер Јунајтед на домашен терен го победи Њукасл со 3:2 (1:0).

Со нови три бода, избраниците на Маурисио Покетино ја задржаа предноста од три бода пред Њукасл и Манчестер Јунајтед.

На југот на Англија, Челзи поведе со голот на Кол Палмер во 34. минута, за Кристијан Нкунку во 64. да зголеми на 0:2.

Рис Џејмс заработи црвен картон во 88. минута, а Челзи до крајот играше со десет играчи, а во осмата минута од судиското надополнување, Дени Велбек успеа само да го ублажи поразот на Брајтон.

Многу возбудувања имаше на „Олд Трафорд“, на крајот славеше домаќинот.

Во 31. минута Коби Мајну погоди за водство на Манчестер Јунајтед, а Арон Гордон по брз контранапад во 48. минута успеа да израмни на 1:1.

Во 57. минута Амад Диало со одличен удар од далечина зголеми на 2:1, а потоа Ерик тен Хаг направи три измени пред крајот на натпреварот.

Тој во 83. минута ги внесе Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Лисандро Мартинез, а само минута подоцна беше постигнат третиот гол за домашните.

Хојлунд, го постигна 15. гол во сезоната.

Во судиското надополнување, Луис Хол во 92. минута намали на 3:2, но не можеше целосно да го избегне поразот.

Во последното коло Њукасл гостува кај Брентфорд, Манчестер Јунајтед кај Брајтон, додека Челзи го пречекува тимот на Бурнмут.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.