Бекер и Мекинро сметаат дека Агаси е перфектен избор за Ѓоковиќ

Агаси и Ѓоковиќ

Новак Ѓоковик по поразот на Мастерсот во Рим објави оти негов нов тренер ќе биде Андре Агаси со кого првиот тест ќе го има на грен слемот Ролан Гарос каде српскиот ас ќе ја брани титулата.

 

Многумина се изненадија од изборот на Ѓоковиќ, но според двете големи легенди Борис Бекер и Џон Мекинро тоа е одлука од која поранешниот рекет број еден може да има корист.

 

-Не ме изненади одлуката на Ѓоковиќ. Бев во контакт со него и со неговиот тим и се сложувам со тоа. Мислам Агаси е одличен избор. Тие се идеален пар. Карактерот на Агаси и фактот што е вклучен во фондацијата на Новак е многу важно, -вели Бекер.

 

-Агаси има брилијантен ум, а јас го познавам доволно добро за да знам дека тоа е така. Тој го сака тенисот и не препушта ништо на случајот кога се во прашање подготовките на мечевите, -истакнува Мекинро.

 

Инаку ова за Агаси е прво тренерско искуство и интересно е да видиме како ќе функционира српско-американската комбинација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.