Роберто Солдадо има нов клуб. Виљареал го замени со турскиот тим Фенербахче

Роберто Солдадо

Шпанскиот репрезентативец Роберто Солдадо има нов клуб. Виљареал го замени со турскиот тим Фенербахче, објави турскиот клуб. Искусниот напаѓач, кој во кариерата играл и за Валенсија, односно Тотенхем, за сума од 5 милиони евра се пресели во Истанбул.

 

Солдадо изминатите две години го носеше дресот на „жолтата подморница“, но речиси во целост ја пропушти изминатата сезона поради тешката повреда на лигаментите во коленото. Фенербахче следниот четврток игра против Вардар нагости во Скопје во првиот плејоф-натпревар во Лига Европа. Солдадо треба да биде стартер на овој натпревар.

 

Тој во кариерата има играно за Реал Мадрид, Осасуна, Гетафе, Валенсија, Тотенхем и Виљареал. Најуспешен период во кариерата го имаше од 2010-2013 кога како член на Валенсија одигра 101 натпревар и постигна 59 голови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.