Нејмар ќе возврати на тужбата од Барселона

Нејмар

Барселона во текот на вчерашниот ден информираше дека има доставено тужба против Нејмар и неговите одговорни лица поради начинот на кој ги изигра одговорните луѓе на клубот во мега зделката со францускиот шампион ПСЖ, а иако се очекуваше одговор од спротивната страна, истиот пристигна многу побрзо од тоа што се очекува.

 

Правните лица кои го застапуваат Нејмар доцна во ноќта излегоа со соопштение дека Бразилецот веќе започнал процес за возврање на жестокиот удар кој го најави Барселона, со тоа што ќе испрати противтужба до каталонскиот гигант за неисполнување на еден дел од договорот кој лани беше потпишан.

 

Имено, одговорните луѓе на Бразилецот потенцираат дека Барселона не му ја исплатила сумата од 26 милиони евра која му ја ветиле како бонус за продолжување на договорот, па сега истата ќе се обиде да ја добие преку судиски процеси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.