Поранешниот англиски шампион Лестер сити уште еднаш остана без тренер

Крег Шекспир

Поранешниот англиски шампион Лестер сити уште еднаш остана без тренер. Раководството на клубот му врачи отказ на менаџерот Крег Шекспир само четири месеци откако тој стана постојан менаџер на Лестер.

 

53-годишниот Англичанец е отпуштен откако Лестер одиграа 1:1 со Вест Бромвич Албион, со што шампионите од 2016 година останаа на 18. место во Премиер лигата со само една победа во 10 лигашки меча.

 

Шекспир во јуни го замени Клаудио Раниери, италијанскиот тренер кој го донесе историскиот успех на тимот потпишувајќи тригодишен договор откако го спаси Лестер од испаѓање од Премиер лигата. Со Шекспир тимот стигна и до четврт-финалето на Лигата на шампионите каде загубија од Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 2-1.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.