Од идната година ќе се случат големи промени во тенисот, со цел овој спорт да биде поатрактивен

Промени во тенисот

Од идната година ќе се случат големи промени во тенисот, со цел овој спорт да биде поатрактивен. Имено, на четирите традиционални тениски грен-слем турнири нема повеќе да има по 32 носители, туку само 16.

 

Ова го решија организаторите на најзначајните турнири на состанокот Мастерсот во Лондон. Од 2018 година турнирите ќе се органзираат по стариот принцип, а новитетот почнува од 2019 година што значи дека поголема шанса подобро пласираните играчи порано од осминафиналето да се судрат меѓусебе.


Овој новитет не е нов, затоа што до 2001 година, на турнирите имаше по 16 носители, но потоа УС-опен го зголеми двојно нивниот број поради барањето на ТВ-станиците ѕвездите да одат што подалеку на турнирот, а сето тоа носи гледаност и многу пари од маркетинг.

 

Промена во правилата има и кај загревањето. Пред мечот, една минута ќе трае ждрепката за сервис, пет минути загревање, а една минута подготовка за дуелот. Кој нема да се придржува го чека казна од 20 илјади долари.

 

И кај паричните награди има промени, секој тенисер што ќе предаде меч во 1.коло на гренслем-турнир, поради повреда или друга причина ќе добие само 50% од паричната награда, а 50% ќе завршат кај „среќниот губитник“, кој ќе го замени.

 

На Австралија опен веќе од идната година за првпат ќе има ново правило, а тоа е пауза од 25 секунди помеѓу поен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.