Само еден натпревар се одигра во НБА лигата. Лејкерси со пресврт ги победија Булси со 104-93

НБА

Само еден натпревар се одигра во НБА лигата. Лејкерси со пресврт ги победија Булси со 104-93. Гостите на полувреме имаа 14 поени предност, а во еден моменти имаа и 19 разлика 61-42, но таа предност се стопи во третата четвртина во која Чикаго одигра слабо и во завршната четвртина влегоа со само три поени предност.

 

На крајот Лејкерси успеаа да стигнат и до целосен пресврт. Најдобар кај Лејкерси беше Кај Кузма со 22 поени, Поп 21 поен и 9 скока. Брендон Инграм натпреварот го заврши 17 поени, Џордан Кларксон запиша дабл-дабл по 10 коша и скока, а Лонзо Бол постигна 8 поени и 13 скокови. Кај Чикаго најефикасен беше Дензел Валентајн со 17 поени, Блејкени додаде 15, Робин Лопез 14, а Марканен 13 поени и 14 скокови.

 

За вечерва предвидени се 14 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.