Во НБА лигата се одиграа 6 натпревари. Хјустон ја продолжи низата од 10 победи по ред

НБА

Во НБА лигата се одиграа 6 натпревари. Хјустон ја продолжи низата од 10 победи по ред. Рокетски славеа против Њу Орлеанс со 130-123. Џејмс Харден, заврши со 26 поени и 17 асистенции. Прв стрелец кај домаќините беше Клинт Капела, со рекордни за него во кариерата 28 поени. Крис Пол, се врати по повредата со 20 поени.

 

Голден Стејт лесно го совлада Портланд и покрај отсуството на Кари. „Воините“ ги предводеше Кевин Дуран и Клеј Томпсон со 28 односно 24 коша. Голден Стејт славеше со 111-104. Теодосиќ се врати во тимот на Клиперс по повеќенеделната пауза поради повреда и беше еден од најзаслужните за победата над Торонто со 96-91. Клиперси направија пресврт во финишот. Теодосиќ заврши со 12 поени и 7 скока. ДеАндре Џордан со 14 поени и 17 скока, Харел и Вилијамс дадоа по 17 поени уште за Клиперси.

 

На другите средби Чикаго-Бостон 108-85, Мемфис-Мајами 82-107 и Оклахома-Шарлот 103-116.

 

За вечерва предвидени се 7 натпревари. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.