Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти на Светското клубско првенство во Абу Даби

Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти на Светското клубско првенство во Абу Даби. Кралевите имаа тешка задача и со пресврт успееја да го совладаат тимот на Ал Џазира со 2-1.

 

Европскиот шампион буквално се намачи со мотивираниот состав на Ал Џазира кои имаа предност по првите 45 минути од средбата со 1-0 со голот на Ромарињо во 41 минута. Во овој меч, фудбалерите од Мадрид целосно го надиграа својот противник, но пропуштија некои одлични шанси. Но Реал Мадрид заигра подобро во вториот дел, а Кристијано Роналдо израмни на 1-1 во 53 минута.

 

Откако Бензема погоди две стативи беше целосно индиспониран, па така тренерот Зидан му даде шанса на опоравениот Бејл и не згреши во одлуката. Токму Бејл во 82 минута му донесе предност и пресврт на Реал Мадрид од 2-1. На овој начин „кралевите“ се квалификуваа во финалето на Светскиот клупски шампионат, каде што ќе се сретнат со бразилски Гремио.

 

Реал Мадрид има две титули на Светското клупско фудбалско првенство. Првата ја освои во 2014 година по триумфот над аргентински Сан Лоренцо со 2:0, втората ја освои минатата година каде во финалето славеа над Кашима Антлерс со 4:2. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.