Викторија Азаренка доби вајлд карта за учество во Мелбурн

Викторија Азаренка

Белоруската тенисерка и двократна шампионка на Австралија Опен, Викторија Азаренка доби вајлд карта за учество во Мелбурн.

 

Азаренка има гренслем титули во Австралија во 2012 и 2013 година, се врати на тенисот во јуни оваа година откако роди дете, но беше вклучена во судска битка за старателство над него, што ја спречи да се натпреварува од Вимблдон наваму. Азаренка го пропушти ЈуЕс Опен и финалето за „ФЕД купот“ и во моментов е под број 210 во ранглистата на ВТА.

 

На Азаренка и даваме вајлд карта како двократен шампион на Австралија Опен и ја чекаме на теренот во Мелбурн во јануари“, изјави директорот на турнирот Крег Тајли.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.