Вавринка го помина Ѓоковиќ на АТП листата

Ѓоковиќ - Вавринка

Најдобриот српски тенисер и поранешен прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ падна за една позиција на АТП листата и иако има ист број на бодови (2.470) сега е на 14. место.


По пласманот во полуфиналето на турнирот во Софија, Швајцарецот Стан Вавринка со 2.475 поени го помина Ѓоковиќ и се наоѓа на 13. позиција.


На врвот и натаму е Рафаел Надал со 9.760 бодови или само 155 повеќе од второпласираниот Рожер Федерер (9.605), додека трет е Хрватот Марин Чилиќ со 4.960 бодови.


Во првата десетка единствената измена ја направи Русинот Александар Зверев, кој се искачи на четвртата позиција, и го смести Бугаринот Григор Димитров на петто место. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.