Голден Стејт со 1-0 поведе против Хјустон во финалето на западот
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 15 Мај 2018
Голден Стејт со 1-0 поведе против Хјустон во финалето на западот. Воините нагости славеа против ракетите со 119-106. Харден и покрај 41 поен не можеше да го избегне поразот на својот тим.
Натпреварот беше решен од поголемиот севкупен талент кој го поседува составот на Вориорс, и неефикасноста на некои од играчите на Рокетси. Кевин Дурент даде 37 поени, Клеј Томпсон 28, а Стеф Кари 18 поени, 6 скока и 8 асистенции. Кај хјустон Крис Пол забележа 23 поени, 11 скока и 3 асистенции.
Вечерва на програмата е вториот натпревар од финалната серија на Истокот, каде Бостон Селтикс води против Кливленд Кавалирс со 1-0 и игра на домашен терен.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс