Новак Џоковиќ избори пласман во 1/4 финалето на АТП мастерсот во Рим

АТП мастерс во Рим

Новак Џоковиќ избори пласман во 1/4 финалето на АТП мастерсот во Рим. Србинот со 2-0 во сетови го победи Рамос со 6-1 и 7-5 и првпат оваа сезона избори место меѓу најдобрите осум на турнирите во кои играше.

 

Поранешниот најдобар светски тенисер тргна моќно во мечот. Направи четири брејка во воведниот сет што го реши во своја корист за 32 минути. Негов следен ривал на Мастерсот од серијата 1.000 во Вечниот град кој се игра со награден фонд од 4,8 милиони евра ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој го славеше во првото коло во Мадрид.

 

И Надал избори место во четвртфиналето откако со 2-0 го победи Шаповалов. Место во следниот круг обезбедија и Гофан, Чилиќ, Зверев, Фоњини и Карено Буста.

 

Натпреварите од четвртфиналето се играат денеска. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.