Томас Лемар од Монако се сели во Атлетико Мадрид

Томас Лемар

Томас Лемар од Монако се сели во Атлетико Мадрид. Монако на последниот ден од минатогодишниот летен трансфер период одби понуда од Арсенал во вредност од 100 милиони евра, а една година потоа овој клуб прифати 65 милиони евра од Атлетико.

 

Трансферот се уште не е официјално потврден, а договор има помеѓу двете страни. Лемар во Монако пристигна од Каен, одигра 87 натпревари и постигна 16 погодоци. Тој беше член на генерацијата, која пред две години стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите. Во дресот на француската репрезентација има 12 настапи беа погодок. Лемар ги мина сите младински селекции на Франција, а потоа со добрите игри си го заслужи повикот на Светското првенство. По Мундијалот во Русија тој и официјално ќе го засили Атлетико Мадрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.